Почитувани,
Пегаз-А.Н.С. е основана во 1997 година како компанија за маркетинг и проектирање . Во текот на овие години основната цел на нашето работење е клиентите за кои ја подготвуваме и реализираме маркетиншката кампања да го најдат интересот во заедничката соработка и да постигнат поголем успех во презентативноста на својата компанија или своите производи.
Од 2005 година започнавме да продуцираме сопствени емисии за кои постои интерес кај електронските медиуми, клиентите и гледачите како крајна цел.
Сето тоа е со цел да им овозможиме на нашите клиенти преку спонзорства во емисиите да ги презентираат своите производи. Сигурни сме дека можеме да постигнеме успех при презентирањето на Вашата компанија и Вашите производи низ разните маркетиншки форми и медиуми за огласување и соработката со Вас ќе биде на задоволство на двете страни.
|